Кога некому не сте важни, не треба да наоѓате оправдувања за тоа

Колку и да ни е тешко да го признаеме тоа, некогаш има луѓе кои многу ни значат, но ние ним не им значиме ниту половина од тоа. Затоа, кога еднаш ќе сфатите, не чекајте да ви биде покажано истото уште сто пати.

koga-nekomu-ne-ste-vazhni-ne-treba-da-naogjate-opravduvanja-za-toa-01.jpg

За да сфатите дека некому не сте важни, не ви се потребни школски часови за тоа. Ако немаат време за вас, за вашиот живот и за нештата кои вие ги сакате, време е да се помирите дека на таа личност не ѝ значите толку многу.

Немојте да се уверувате себе дека претерувате со реакциите. Ако некој ве бара само за да ве натовари со своите проблеми, но нема време за вашите, тогаш не сте згрешиле ако сте помислиле дека таа личност во најголем дел од времето лесно може без вас.

Со тоа што ќе си го кажеме себе тоа јасно и гласно, се ослободуваме од ризикот да бидеме повредени и затворени во маѓепсан круг од токсични луѓе. Не ја губете енергијата дозволувајќи некому да ве третира како нему му одговара. Таа личност никогаш нема да престане да се однесува лошо со вас, додека вие самите не ставите точка.

koga-nekomu-ne-ste-vazhni-ne-treba-da-naogjate-opravduvanja-za-toa-02.jpg

Навистина е голема штета да го подаруваш своето внимание на овие луѓе. Тие не се спремни да го направат истото за вас, но се во состојба да ви се налутат ако не сте им на располагање константно.

Вие сте добра личност и сакате да им бидете на располагање на сите. Но, не ја ставајте својата добрина на распродажба.

Убаво е да одвоите дел од своето време и да дадете внимание, нежност и прегратка на оние на кои тоа им треба, но не по цена да бидете повредени од личност која во истата ситуација воопшто не би се грижеле за вас.

Затоа, прегрнете ги оние за кои знаете дека сте им важни. Поделете ја својата љубов со нив, ослободете го умот, пуштете вашето тело да се раздели од енергијата на луѓето кои ви се непотребни.

Ако некому не сте важни, а тоа јасно ви го даваат до знаење, тогаш зошто би задржувале некој нездрав однос кој не ви носи ниту љубов, ниту самоостварување, ниту самодоверба?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg