Луѓето и балоните - кратка лекција за тоа што нè прави вистински среќни

Секој сака да биде среќен. Без разлика на околностите и без оглед на картите кои ни ги дели животот, потрагата по вистинско задоволство и среќа се крие во срцето на секој од нас. Но, прашањето е–како? Како воопшто да ја започнеме потрагата по среќа?

Kratka-lekcija-za-toa-sto-ne-pravi-vistinski-srekni-01.jpg

Група луѓе се собрале во една просторија каде што се одржувал семинар за животот и среќата и како да се пронајде истата.

Предавањата содржеле различни лекции кои се однесуваат на животот. Одеднаш, главниот предавач запрел со зборувањето и на секој човек во просторијата му дал еден балон.

Ги замолил секој од нив да си го напише името на балонот со пенкало. Сите балони биле собрани и однесени во друга просторија.

Посетителите на семинарот ги пуштиле во другата соба и им рекле дека секој треба да си го пронајде балонот со неговото име, во рок од 5 минути.

Луѓето избезумено започнале да го бараат своето име на балоните, влечејќи, судирајќи се еден во друг. Настанал вистински хаос.

Никој од нив не успеал да го пронајде сопствениот балон во дадениот временски рок и се вратиле со празни раце во просторијата каде што се одржувало предавањето.

Новата задача гласела вака: Секој да одбере балон и да му го даде на личноста чие име е впишано на истиот.

За помалку од 5 минути секој од присутните го имал в раце балонот со неговото име.

Предавачот започнал: „Ова е токму она што се случува во нашите животи. Секој од нас избезумено е во потрага по среќата околу нас, не знаејќи како да ја пронајде. Нашата среќа, всушност, е среќата на луѓето околу нас. Направете нешто убаво, нешто дарежливо, нешто од срце и – усреќете ги. На тој начин и вие ќе бидете среќни.“

Тоа е всушност поентата на човековиот живот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg