Во војната мама против тато, кого да одбереме?
Јас сум твоја другар/ка, тоа ми дава обврска да се здружам со сите сили на овој универзум за да ти го овозможам она што ти треба.
Иако си загубен/а во својот лавиринт на животни проблеми за кои сметаш дека не постои решение, моето пријателство ќе тргне да те бара, неуморно, непрестајно.
Без да прашувам зошто, без да знам како, со една единствена цел, да ти ја вратам насмевката на лицето.
Што е она што навистина знае да ни ја оттргне болката? Во војната помеѓу мама и тато кого треба да одбереме? Дали тоа стануваше наша војна неправедно? Што знаевме ние со нашите 15 години за компликациите на животот?
Што ако цел живот се распадне, која е вистинската утеха? Постоеше ли пријател кој знаеше како да го реши сето тоа, да нè извади од дупката макар и на момент, да нè натера да заборавиме на вистинскиот начин?
Постоеше ли начин да се пребродат овие проблеми? Дали човек после сѐ може да остане нормален?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Н. Буџак | Црнобело