11 експертски одговори на 11 важни животни прашања
Дали мора да ја сакате својата работа, може ли бракот да продолжи после неверство и постои ли машко-женско пријателство?
Дали љубовта може да трае до крајот на животот?
Секако, но само доколку верувате во бајки. Научниците докажаа дека љубовта подразбира хемиски процеси во мозокот кои траат 12 до 18 месеци, потоа вие и вашата друга половина сте оставени сами на себе. Врските бараат посветено одржување.
Дали бракот може да преживее после неверство?
Да, потребно е време и многу работа на случајот, но експертите се едногласни по ова прашање. Се проценува дека околу 60% од мажите и 40% од жените ќе изневерат во брак - изневерениот партнер треба да избере да прости и да научи да живее со тоа сеќавање. Неверството никогаш нема да биде заборавено, но времето може доволно да го избледи.
Дали мора да ја сакате својата работа?
Не. Сакајте ги своите деца, своот сопруг, сопруга, својата земја, родителите, соседите… Љубовта е преголема емоција за да ја врзете со начинот на кој заработувате.
Дали маж и жена можат да бидат само пријатели?
Можеби, но само на кратки патеки. За ваквото пријателство да потрае, потребно е другата страна да ви е малку одбивна.
Дали мајките може да бидат пријателки со своите ќерки тинејџерки?
Не. Повеќето тинејџери не се ниту приближно зрели за зрел однос. Според некои неодамнешни истражувања, мозокот кај луѓето се развива до нивните 20ти години. Мајките сакаат да се спријателат со ќерките, татковците со синовите, но тоа никому нема да донесе корист.
Тинејџерите треба да оформат идентитет различен од нивните родители. Тоа значи дека им треба приватност, па и тајни. Затоа подобра опција е вашата ќерка да е пријателка со вашата најблиска пријателка.
Дали среќата се купува со пари?
Не. Среќата не е на продажба. Среќата е нешто што може да ви го донесат само луѓето што ги сакате и ве сакаат. Ако имате доволно пари да си купите луксузна јахта но немате со кого да пловите, брзо ќе потонете.
Дали парите се извор на сите зла?
Не, алчноста е извор на злото. Единствените пари што имаат вредност се парите споделени со другите.
Зошто личиме на нашите родители и тогаш кога сме си дале ветување дека нема да бидеме како нив?
Затоа што на крајот од денот ние во суштина им се восхитуваме.
Кога децата стануваат возрасни?
Биолошки гледано, порано; емоционално гледано, подоцна. Во денешно време пубертетот кај девојчињата се јавува меѓу 8 и 14 години, а кај момчињата меѓу 9 и 15. Се повеќе се случува возрасни да живеат со своите родители, очекувајќи дека тие ќе им ги плаќаат сметките, ќе им го перат валканиот веш, ќе им готват…
Зошто е толку тешко да се признае грешка?
Затоа што се подразбира дека треба да се извините, што е уште потешко. Низ историјата луѓето се колеле и убивале наместо да се извинат едни на други.
Кога иднината е зад нас?
Кога ќе престанете да ги следите своите соништа.
А. Ш. | Црнобело