Во енергијата ѝ се вљубив, не ми вели дека не е доволна убава!
Неретко ќе му прокоментираа „Не е таа доволно убава за тебе, ти можеш подобро“.
А тој само им велеше:
„Ова е најдобро што можам.
Таа е човекот со најубава енергија која било кога сум ја почувствувал во животот.
Не е пластична кукла без емоции. Уф, алергичен сум на такви.
Таа лажна совршена коса, вештачки нокти и два пати повештачки насмевки ме ежат.
Ништо под површината, само тон фасада со пудра.
Штета што душата со шминка не можат да си ја разубават.
Мене оваа девојка ме плени. Прави да се чувствувам жив.
Има заразен ентузијазам за животот. Очите ѝ имаат чуден сјај.
Сака со цело свое срце. Љуби како да нема утре. Гушка посилно од кој било друг.
Не размислува премногу пред да направи потег. Животот го живее овде и сега.
Светла точка ми е среде морево сиви луѓе. Има искра во очите.
Што знам.... Мене ми е најубава. Вљубен сум во секоја црта од нејзиното лице.
Секоја една нејзина несовршеност ми е привлечна. Уникатна е и своја.
Таа се сака себеси премногу и изгледа тоа ме наведе јас да ја сакам уште повеќе.
Ретки се луѓето кои толку многу си се ценат. Знае дека вреди и тоа за мене е магично.
Онаа пластичната ќе треба 7 пати да ѝ кажам дека косата ѝ изгледа одлично за да тргне конечно.
Ќе треба да ја чекам 2 часа да се подготви за излегување, а потоа уште 2 за да се „размонтира“ пред да си легнеме.
Плус, доста ме ставаш во купот мажи кои одредуваат кого да љубат според обемот на задникот и големината на деколтето.
Знаеш јас дека отсекогаш си сакав некој што ми е предизвик некој кој интелектуално ме возбудува.
Некој старастен за животот. А таа е сето тоа, а и многу повеќе.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело