Простете си себеси за секојпат кога сте сакале погрешна личност
Сте го направиле тоа многупати, а можеби и повторно ќе ви се случи. Сте се вљубиле во погрешни луѓе кои направиле да се чувствувате помалку вредни.
Сте се споредувале со нивните поранешни партнери, се обиделе да ве моделираат според нивните потреби и не ги ценеле вашите квалитети, иако ни самите немале со што да се пофалат.
Сте биле со личности кои правеле да се чувствувате лесно заменливи и безвредни - но сега знаете дека човековата вредност не се мери според тоа.
Сите сме го направиле тоа. Сме заборавиле колку вредиме и колку заслужуваме. Сме ја давале својата љубов на распродажба на оние кои сме сакале да ги задржиме во животот. Сме правеле исклучоци, за на некого да дадеме шанса да се покаже дека е добра личност, но тоа не се случило.
Запомнете, никогаш веќе не смеете да се чувствувате дека најдоброто од вас не е доволно за нечиј нереален критериум за љубов.
Затоа, простете си за секојпат кога сте се надевале дека нештата ќе се сменат. Простете си што на некого сте дозволиле да остане во вашиот живот подолго отколку што заслужил. Простете и што некогаш сте инвестирале во некој кој не ни размислувал дали ќе ве повреди со своите зборови и постапки.
Не си се лутете себе, бидејќи на тој начин учите колку сте вредни. Слушајте го својот внатрешен глас кога ви вели дека треба да се тргнете од некого. Тоа е кога вашите мисли ве држат будни и ноќе, кога не можете да заспиете знаејќи дека нешто е лажно и со ограничен рок на траење.
Простете си за секојпат кога сте се бореле за погрешна личност и ви требало повеќе време за да сфатите за што всушност сте се бореле. Простете им, бидејќи тие ве научија дека никогаш нема да бидете доволни за никого, освен за вистинската личност за која вредите сè на светот.
Е. Д. | Црнобело