Лесно е да критикуваш, оди направи го!
Зборови полни пакост е лесно да се испратат. Само отвори ја устата и извади ја надвор таа твоја црна душа.
Многу сме „силни“. За плукање први.
Да кажеме што не чини? Тоа ни е омилено хоби!
Да направиме ние нешто? Еее тука веќе сме тивки.
За тоа треба кликер, одлучност, идеја, време, труд, а да се плукне е лесно.
Зборови полни пакост е лесно да се испратат. Само отвори ја устата и извади ја надвор таа твоја црна душа.
Посеј злоба, рашири негативна енергија, демотивирај сè и секој кој за разлика од тебе се труди да направи нешто во животот и потоа легни си мирно.
Твоето сиво мизерно животче пополни си го кажувајќи колку другите се никакви и не ги бива, а во огледало не се гледај никако.
Губи си го времето на туѓите животи, додека тие си ги живеат своите.
Троши си го времето „мрчејќи ги нив“ и тоа нека ти биде главен начин на забава.
Кога си дозволи да се претвориш во вакво патетично суштество?
Кога почна да имаш свое мислење и за тоа што треба и за тоа што не треба? И таму кај што е побарано, а нааааајмногу таму каде што не е побарано од тебе.
Таму најслатко ти е да си го пикаш носот, затоа што часовите од денот се премногу, а ти без фантазија што да правиш со нив.
Животот го потроши сеејќи злоба за други, наместо правејќи си себе убаво да ти биде на душичката.
Јасно е дека ти не мислиш на своето добро, туку на туѓото зло и трагично е што тоа те исполнува.
Едвај чекаш некој да потфрли и гордо да изјавиш: „Ех, реков јас“, но и да не потфрли тој некој ти пак немаш грижа затоа што имаш „капацитет“ да смилиш што можел да направи подобро.
А ти да се сетиш нешто да направиш за својот живот? А сета енергија да си ја вложиш во себе, па да пробаш да мрднеш од таа нулта точка?
Заќути и насмеј се, те молам - не боли...
Ќе биде подобро... верувај ми!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело