Престани да се грижиш дали си на вистинскиот пат, таму си каде што треба да бидеш

Престани да размислуваш премногу. Да се прашуваш и да се грижиш дали си на вистинскиот пат во животот.

prestani-da-se-grizhish-dali-si-na-vistinskiot-pat-tamu-si-kade-shto-treba-01.jpg

Престани да мериш и да се споредуваш со другите. Престани да се убедуваш дека не си таму каде што сакаш да бидеш само затоа што не си доволно компетентен/а.

Ти во моментот си таму каде што треба да бидеш. Иако не можеш да видиш од хаосот, на вистинското место си.

Потребни ти беа многу денови, месеци, години и одлуки за да стигнеш тука. Потребни ти беа солзи, болка, насмевки, грешки, благослови, борби, добри денови, лоши денови... но тука си.

Тука е во ред. Сосема е во ред. Тука ти е судено.

Доста си кажуваш што мора да постигнеш. Доста се казнуваш што не си го постигнал/а тоа.

Биди благодарен/а што издржа да стигнеш до оваа точка. Оддади си признание за тоа.

Забораваш дека секој чекор е дел од патувањето. Секогаш ќе има тешкотии и блокади на тој пат. Секогаш ќе има подеми и падови.

Понекогаш не ни се допаѓа каде сме, но во тие мигови е најбитно да сме смирени и свесни дека тоа нè води кон нашата судбина.

Секој ден е таков каков што треба да биде. И понекогаш треба да бидеме уморни, ментално истоштени и едвај да стануваме од креветот. Тие денови ќе поминат и потоа повеќе ќе ја цениме среќата.

Ќе сфатиме дека сме благословени и дека добрите и лошите искуства заедно го сочинуваат животот.

Само кажете си да бидете храбри, силни и одлучни и ќе ја надминете секоја грешка на патот. Секоја болна ситуација ви е мудрост, прави да учите, растете, да се промените и да станете тоа што ви е судено да бидете.

Верувајте...

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg