До лани плачев за скршена чаша, а денес се молам да го победам ракот и сфаќам дека нема ништо поважно од здравјето

Пред неколку години, некако успеав да скршам цел сервис чаши. Не знам како се случи тоа, едноставно бев невнимателна и по малку несмасна и целата кутија тресна на земјата и се направи парче. Се сеќавам дека плачев многу.

Sfakjam-deka-nema-nisto-povazno-od-zdravjeto-01.jpg

Ми беше криво како воопшто не успеавме ниту да ги отвориме чашите што ни беа свадбен подарок. Воопшто неотпакувани, а јас успеав да ги претворам во сол. Ми доаѓаше да врескам од мака, а уште повеќе се изнервирав кога мојот сопруг ми се изнасмеа на мојата реакција.

Како сум можела да се нервирам за некакви си чаши? Дали сум нормална? Дали мирот и среќата се поважни од некакви си 6 стакленца?

Денес знам дека тоа е вистина. Денес сум дојдена до таа точка каде што светот може да се распаѓа, зборувам за материјалниот свет, а јас нема ниту да трепнам. Зошто? Затоа што не е вредно. Затоа што тоа не ми го дефинира животот, среќата пак најмалку.

Кога ти соопштуваат ненадејно дека твоето тело е зафатено од најопасната болест на денешницата, едноставно снемуваш зборови. Занемуваш, зачмаено гледаш во една точка, додека не те тресне реалноста.

Во целата борба која вклучува многу сила, храброст и издржливост, благодарен си што ги имаш најблиските до тебе што силно ти ја стискаат раката додека ти ја отсекуваат косата која паѓа, кои ти ја држат главата надолу додека повраќаш од силната терапија.

Саканите кои те бодрат додека ја пробуваш новата перика, кои ти носат храна бидејќи немаш сила да застанеш на нозете, а не пак да готвиш, домашните кои средуваат сè наместо тебе и одат на прсти, шепотејќи да не те разбудат додека одмараш.

Ќе дојде ден кога ќе сфатите дека чашите од сервисот нема да го сторат ова за вас. Нема материјалните работи да ви ја стиснат силно раката, да ви ја држат надолу или да ви помогнат да ја кренете гордо и високо. Нема тие да ве гушкаат, да ве охрабруваат и тешат и да ви ги бришат солзите. Нема да ве стоплат кога срцето ви е мраз студено.

Кога ќе се сетам само на какви работи сум губела време и енергија… на проклетите скршени чаши со кои го започнав текстот… на фактот што не можам да си купам поскапи чевли или истите биле веќе распродадени…

Зошто не возиме подобар автомобил, зошто не можеме да одиме и на зимување и на летување… зошто не ми стигнуваат пари да се облечам помодерно, зошто не можам да им направам поголеми родендени на децата? Зошто го немам тој и тој скап парфем или најновиот модел на некаков си глупав телефон?

Какво залудно потрошено време. Како сме скроени ние луѓето на денешницата, во што еволуиравме… потребно е да се случи нешто толку трагично како соочувањето со губењето на сопствениот живот, и да те тресне од земјата за да сфатиш каде се кријат мирот и среќата.

По што трчаме, на какви работи си го трошиме времето, на што губиме време и за што лееме солзи? На минливи, глупави, непотребни и потрошни материјални предмети. Срцето ни застанува кога ги губиме, кога ни се кршат, се расипуваат или кога не можеме да си ги дозволиме.

Денес, срцето ми потскокнува кога ги гледам најблиските како се насмеани. После патот до пеколот и назад, благодарна сум кога ќе видам убав сончев ден. Па дури и денот да е дождлив и сив, благодарна сум што сум доживеала уште еден ден на овој свет. Што можам да ги гушнам сите мои луѓе и да им кажам дека ги сакам толку многу. Секој ден им го повторувам ова. Не, не е премногу, напротив, премалку е.

Она што сите го забораваме е дека деновите на сите ни се избројани, а ги земаме здраво за готово. Здравјето си го земаме здраво за готово, а го имаме веќе најголемиот и најскапиот подарок кој може да го добиеме. По ѓаволите со сите материјални предмети!

Животот е толку многу убав. И толку малку е потребно за среќа. А без здравје и без љубов, немаме ништо.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
8 работи кои некогаш беа хит, а денес се застарени Некогаш рецепти баравме во тетратките на баба, денес ги пребаруваме преку интерн...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg