Денес, после 3 години, првпат ја гледаш како преминува улица...
Првпат после 3 години, стоиш на крстосница, кога ја здогледуваш. Има кафеава кожена чанта, лежерно префрлена околу рамото и бело, бисерно ланче околу вратот.
Нејзината глава се мрда во ритамот на песната која ја слуша и не можеш, а да не размислиш што ли пее сега под туш, со која ли песна заспива?
Порано се шегуваше дека музиката не е нејзина силна страна, но го сакаше нејзиното неделно потпевнување додека појадуваше, нејзината насмевка пред твоите очи, твоите прсти преплетени во кошулата која ја носи.
Ги отвора очите малку пошироко штом те здогледува, се насмевнува и ти мавта.
Немате многу време за зборување додека се одминувате, а човечето на семафорот почнува да трепка.
Си размислуваш како нејзината коса изгледа поинаку. Не е поинаку потшишана, нема друга боја, туку едноставно различно ѝ стои на лицето.
Не изгледа така детинесто и безгрижно кога ти го кажува тоа „здраво.“
И додека те одминува, не можеш а да не застанеш и да ја гледаш.
Се прашуваш кој ја слуша додека таа му зборува под ѕвездите навечер и кој ја носи до дома кога нозете повеќе не ја држат.
Пред 3 години ти кажа дека те сака.
Денес за малку ти ќе кажеше те сакам назад.