Поучна приказна: Мислите ти се такви каков што си ти

pouchna-prikazna-mislite-ti-se-takvi-kakov-shto-si-ti-01.jpeg

Еден селанец седел на тремот од својот дом и уживал во свежото ветре.

Покрај неговата куќа минувал патот кој водел кон центарот на селото.

Еден случаен минувач го видел селанецот и помислил:

„Ова мора да не некој мрзелив човек. Само седи на тремот и не работи ништо по цел ден.“

Малку подоцна минал друг човек и си помислил:

„Селанецов е вистински Дон Жуан. По цел ден седи тука, гледа девојки како минуваат и им дофрлува нешто.“

Најпосле поминал шумскиот работник и си помислил:

„Овој човек е навистина вреден. Работел цел ден и сега со право одмора.“

За селанецот кој седел на тремот навистина немаме вистински информации каков бил, но за тројцата минувачи можеме да заклучиме многу судејќи според нивните мисли. Првиот бил мрзелив, вториот не баш кавалер, а третиот бил вреден работник.

Изгледа тоа какви ни се мислите говори многу за нас самите.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Антониа Гиговска за CRNOBELO лексикон: „Прв симпатија ми беше наш познат пејач“ „Дали е мана не знам, ама лесно се заљубувам. Нормално, ако тој некој има нешто ...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg