Ваков убав Фејсбук сакам секогаш - како за време на преносот на Златна Бубамара!
Вчера немаше политика на статуси на Фејсбук профилите,
немаше негативна енергија,
немаше црнила на Фејсбук...
Вчера имаше позитивни зборови за Златна Бубамара,
споделување на најубавите музички настапи од неа,
воодушевуваше на нашите хористи, диригенти, гитаристи, трубачи, пејачи, спортисти, актери, водители и што уште не.
На проблемите гледавме низ призмата на хуморот,
се потсетивме дека смеата е лек,
се потсетивме дека заедно сме посилни,
дека позитивната енергија е неопходна ако сакаме добар живот, без разлика на околностите,
дека признанијата дадени на оние кои се истакнале се неопходни
за да се чувствуваат ценето и да работат уште понапорно од претходно,
за повторно да ни го сервираат својот талент во сиот свој сјај.
Има Македонија со што да се пофали
само среде сето сивило забораваме на нашите светли точки,
на оние пред светот кои ни го белеат образот,
на оние кои се амбасадори на нашата татковина.
Не смееме да дозволиме сите проблеми да направат да заборавиме да дадеме аплауз од срце на оние кои заслужиле,
не смеат да направат да заборавиме да се смееме,
не смеат да нè спречат на нашиот Фејсбук понекогаш за промена да кажеме што чини,
наместо што не чини.
Вчера Фејсбукот на Македонците беше убав и ја славеше музиката, успесите, животот.
Да биде таков уште во милион други пригоди,
ако може и 24/7 да го славиме животот јас сум ЗА.
Прочитајте и Талат - најдобар млад актер, Сашко Коцев - владетел на сцената: Како помина Златна Бубамара 2019? (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Фото: Стефан Рајхл - Фејсбук Златна Бубамара
С. С. | Црнобело