Можеби во животот нема да го добиеш тоа што го сакаш, туку тоа што ти треба...

Можеби нема да завршиш со човекот кој твоето срце го одбрало. Можеби животот не функционира така. Можеби нема да го добиеш она што го сакаш. Можеби ќе го добиеш она што ти треба и можеби Универзумот знае повеќе отколку ти самата.

mozebi-vo-zivotot-nema-da-go-dobies-toa-sto-go-sakas-tuku-toa-sto-ti-treba-01.jpg

Можеби љубовта се менува. Можеби од „ќе останам буден и ќе те почекам да ми се јавиш“ преминува во „изморен сум, си легнувам да спијам“.

Можеби од „нема за што да се грижиш“ ќе стане „престани толку многу да анализираш.“

Можеби од „те одбирам тебе“ ќе стане „сега малку морам да се одберам себеси.“

Можеби љубовта не е чувство кое може да расте заедно со некои луѓе. Можеби станувате преголеми за одредени личности.

Можеби љубовта станува премногу непријатна, премногу мала и безначајна, за да се прилагодите на неа.

Можеби е како џемперот кој го обожававте додека растевте, но едноставно го надраснавте.

Учите да ја цените таква каква што беше, но и да го прифатите фактот дека повеќе не ви е по мерка.

Учите да ја пуштите.

mozebi-vo-zivotot-nema-da-go-dobies-toa-sto-go-sakas-tuku-toa-sto-ti-treba-02.jpg

И можеби пуштањето на љубовта не е некоја причина за голема, гласна прослава, како светло на крајот од тунелот.

Можеби пуштањето на љубовта од себе е моментот кога сфаќате дека повеќе не можете да го преживувате минатото.

Можеби едноставно тогаш учите како работите се прават тивко и смирено, со лесно срце и мирна глава.

Почнувате да сфаќате дека заминувањето од одредени работи е најдобрата работа која може да ја направите за себе, но и за личноста која ја сакате.

Можеби заминувањето е доживувањето на мир и прифаќање на фактот дека понекогаш работите и луѓето кои те прават среќна - се менуваат.

Можеби е најхрабрата работа која можеш да ја направиш. Можеби, кога заминуваш не ја правиш најголемата грешка во твојот живот.

Можеби, кога ќе решиш да заминеш од едно место – животот допрва започнува.

mozebi-vo-zivotot-nema-da-go-dobies-toa-sto-go-sakas-tuku-toa-sto-ti-treba-03.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg