„Ајде, време ви е! Што чекате?“

Убедливо најиритантното прашање.

ajde-vreme-vi-e-shto-chekate-01.jpg

Па зарем должите објаснување некому зошто сте 5, 10 или 15 години во врска и сè уште не сте венчани?! Секако дека не. Но, луѓето на овие простори често мислат дека имаат право да си го пикнат носот таму каде што не му е местото, па безобѕирно го поставуваат ова прашање.

И сè  би било многу поедноставно ваквата тортура да завршува со вашиот потпис во матично. Ако верувате дека тука е крај на ваквите прашања, се лажете. Токму вашата свадба ќе послужи како поттик за уште подетални испрашувања.

„Како е брачниот живот?“

Можеби ќе ве прашаат со најдобра намера - има луѓе кои навистина ги интересира дали сте среќни и се интересираат за вашиот живот. Но, кога ќе размислите малку повеќе, нема доволно добар односно конкретен одговор на ова прашање.

Ако одговорите „Добро е“, најверојатно ќе претпостават дека не ви оди баш како подмачкано и со сигурност ќе станете тема на озборување. Ако речете „Супер е“ ќе превртуваат очи мислејќи дека претерувате со суперлативите. Да не спомнуваме што ќе помислат ако одговорите со „Ужасно е“...

„Знаеш ли дека нема да имаш секс со никој друг до крајот на животот?“

Зарем треба да се образложува нешто толку евидентно?

„Ајде сега, кога деца?“

Исклучително безобразно прашање. Се работи за многу лична и интимна тема, и ако сте подготвени да разговарате за тоа сигурно самите би ја отвориле темата.

Луѓето веќе како да не помислуваат на тоа дека можеби имате проблеми со забременување или дека постои причина поради која воопшто не сакате да имате деца. Во нормален свет, ова би било само ваша работа.

„Многу сте млади.“

Извинете, требаше да ве прашаме токму вас за тајминг. Не постои предодредена возраст за брак - некој ќе ја пронајде среќата на 20, друг ќе го направи тој чекор на 40. Никој нема право да коментира дали некој друг е подготвен да стапи во брак.

„Уживајте додека го сркате медот…“

Многу несоодветна констатација. Многу погрешно размислување дека убавината на бракот е потрошен материјал и избледува со тек на време. Бракот не значи крај на вашата слобода и можност за забава.

„Конечно и ти!“

Ова може многу да боли. Особено ако сте минале трнлив пат додека ја пронајдете вистинската личност. Згора на тоа, не значи дека сте неспособни или некомплетни без партнер во животот.

Непишано правило е дека не треба да се мешаме во туѓите животи, особено кога станува збор за чувствителни теми. Но, многу често забораваме да го испочитуваме.

Забораваме на основни манири што се учат уште на претшколска возраст; забораваме на бон - тон; забораваме дека има работи што луѓето не сакаат да ги споделат. Во ова лудо време во кое живееме имајте предвид дека приватноста е света - почитувајте ја.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg