Дали сте херој или жртва на сопствениот живот?
Како се однесувате во ситуации врз кои немате контрола одредува и дали сте херој или жртва на сопствениот живот.
Светот е предодреден да ве уверува дека имате контрола врз многу малку фактори од кои зависи вашата среќа. Постои еден темен дел од вашата психа кој е зависен од ова верување.
Но, соочете се со фактот - можете да имате контрола врз сè, но прашање е во колкави дози е тоа возможно.
Во време кога на глобално ниво менталното здравје континуирано се нарушува, постојат мали ситници кои треба да ги прифатиме, за да можеме да одржиме некаков баланс врз сето тоа. Ние сме одговорни за себе, а со тоа и за колективот. Постои нешто што се нарекува заедничка мудрост и во тоа влегува и општата кршливост, емоционалност и идентитетот.
Кога се чувствувате заглавени, тоа е затоа што сте свесни дека треба да преземете нешто што ви се чини дека е тешко и невозможно. Лутината и безнадежноста се само дел од тоа. На вас е како ќе одберете да им се спротивставите. Ако чувствувате дека врз нешто не можете да имате контрола, тогаш тоа е јасен знак дека не ни треба да имате, туку дека морате да барате алтернатива.
Вашиот страв од најлошото директно влијае врз исходот на нештата. Поради тоа ризикувате да бидете личност со затворен ум, празно срце и постојано незадоволство.
На пример, немате контрола врз тоа дали ќе ја изгубите работата, но имате врз тоа каде ќе го пратите вашето внимателно составено резиме и што ќе правите додека да најдете нова. Контролирајте со стил. Вашите промислени акции ќе ви дозволат да изиграте најдобра можна партија со картите кои ви се поделени.
Добриот живот не е нешто што ни е подарено, туку е нешто што самите го креираме. Во него не е клучно што можете да контролирате, туку како ќе го направите тоа. Ако верувате дека можете, тогаш и ќе успеете.
Е. Д. | Црнобело