14 животи згаснаа засекогаш, а нашата омраза не ни дава мир

Трагедијата не бира вера, боја, националност, пол. Таа удира силно, тогаш кога најмалку очекуваш. Тогаш кога безгрижно си се качил во автобусот во кој можеби се возиш секој ден. Си се поздравил со најблиските, а можеби и не, едноставно си брзал.

15-zivoti-zgasnaa-zasekoga-a-nasata-omraza-ne-ni-dava-mir-01.jpg

А лошиот миг трае колку едно трепнување, колку еден краток здив. Што е животот? Капка вода на дланка која безмилосно ти се лизга низ прстите и покрај обидот да ја задржиш што подолго помеѓу нив.

Ние како да забораваме дека сите сме луѓе. Од крв и месо, со надежи и соништа. Со луѓе кои нè сакаат и луѓе кои ги сакаме. Луѓе сме, се бориме со слични проблеми, љубиме исто, страдаме исто. Болката и разочарувањата не одминуваат никого.

Згасна пламенот на 14 животи, како свеќи на ветрот. Како светулки чиј сјај го снемува одеднаш и не се појавува повеќе. И толку многу боли. Срце стегнато колку лешник.

Го земаш телефонот и панично им ѕвониш на сите кои ги познаваш од тој крај на Македонија. Добри ли сте?

И додека целата нација е во неверување, жал и солзи, секогаш ќе се најде некој што ќе посее семе на омраза. На нашата земја таа е како пиреј, куби ја, корни ја, повторно ќе израсне.

Ниски, подли и невкусни коментари. Споменување на судбини, правдини и карма. Кои сте вие, колку големи се замислувате да судите со меч во рацете, особено за еден ваков немил и трагичен настан? Имате ли срце? Од што материјал сте создадени?

Може ли да се измери болката? Ќе пукне ли вагата? Ги има ли тие пари што ќе ти го вратат најмилото? Постојат ли такви зборови што ќе те утешат, што ќе ти го закрпат срцето кое крвави?

Тие луѓе се нечии родители, нечии деца. Нечии сопрузи и сопруги, нечии најдобри пријатели. Со кое срце мислите на религии и националности и партии, на бои и знамиња? Вода ли ви тече низ вените наместо крв? Сите сме еднакви, сите сме исти, сите му се молиме на богот во кој веруваме.

Го земаме животот здраво за готово. Мислиме дека сме вечни, дека имаме време. Немаме. Мислиме дека сме непобедливи и семоќни, не сме. Што делиме, за што сме подготвени да се навредуваме и да се „убиеме“? Што ќе понесеме со себе кога ќе издивнеме освен коски и гола кожа?

Што да им кажеш на семејствата на починатите? Ги нема тие зборови за утеха. Ги нема парите со кои ќе им го вратиш најскапоценото. Не постои часовник кој ќе го врати времето назад.

Ќе си помислиш дека времето лекува сè, но длабоко во себе знаеш дека се тешиш со лага.

Нека им е лесна земјата и мирно небото. Пловете во чисто и неизвалкано море, лишено од болна омраза и подла зајадливост.

Животот е толку суров. Толку неправеден, толку нефер. Сепак, кога ќе помине првичниот шок и болката ќе стивне само за момент, во тој краток миг, радувајте се на времето што сте го поминале заедно. Потсетете се на нивните насмевки. Споменувајте ги. Не заборавајте ги.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg