Менаџер на тато, горд на успесите, а сам умее само да си го избрише задникот

Опис: Горд на моите достигнувања. Каква подвижна смешка. Кои достигнувања бре момче?

Menadzer-na-tato-gord-na-uspesite-01.jpg

Фактот што татко ти упропастил неколку фирми, оставил стотици луѓе без работа на улица, а ти неговите наследени два милиони успеа да ги сведеш на половина? Не си кренал ништо потешко од лажиче во животот, а зборуваш за работа, труд и жртви?

Што е тука за аплауз, фактот што сам умееш да си го избришеш само задникот?

Живеете во некој свој, измислен свет, како во розов меур од сапуница, каде што царувате, малечки принцови и принцези на мама и тато. Менаџерчиња тие, сите ве мразат, сите ви се љубоморни.

Ви се смеат на глупоста која нема дно. Да немате пари никој нема да ве погледне два пати. Ниту сте интересни, ниту пак исклучителни. Светот не се врти околу вас, спротивно на мислата со која ве задоиле.

Парите не ве прават способни. Ги нема тие пари на светов што ќе ви купат интелигенција, воспитување и сочувство за другите. Ќе купите само диплома, ама како и сè друго во животот – успехот, друштвото и статусот, и таа ви е лажна.

Милите тие, не сакале да се мешаат со „обичните луѓе“. За нив да имало специјални клубови и места. Да не сакате и специјална лента во сообраќајот да ви одвоиме, залудени членови на имагинарното кралско семејство во оваа гној држава?

Па кога давате лекции како да се успее во животот… да ве потапкаме по рамо или да ви удриме по една шлаканица? Имате ли образ? Колку сте одвоени од реалноста од 1 до 100?

Откако нема да го добиете посакуваното восхитување и длабок наклон до земјата од луѓето кои ги сметате за недостојни и заморчиња, тогаш добивате брилијантни идеи! Да направиме избор и да си доделиме награди! Да измислиме добротворна манифестација и повторно да се ставиме во центарот на вниманието. Да глумиме дека правиме некаква огромна разлика во општеството и светот воопшто.

Навистина треба да се гордееш со сопствените „успеси“. Навистина е тешко да успееш во свет каде што пливаш во пари и не знаеш како се живее со крпено, ситно и броено.

Навистина е тешко кога татко ти ги има сите контакти и доволен е само еден телефон да ти ја заврши секоја работа во државава. Навистина е тешко да учиш во приватно средно училиште каде што „те дворат“ и сите леткаат околу тебе за секоја твоја потреба.

Тешко е да продолжиш и на приватен универзитет во странство, тешко е да си без ниту една грижа како ќе ја платиш стипендијата, каде ќе престојуваш, што ќе јадеш и како ќе се облечеш.

Тешко е да возиш скап автомобил кој ти го купиле за среќен 16-ти роденден, уште потешко кога истиот ќе го искршиш и ќе ти купат нов за утеха. Тешко е што го дишиш истиот воздух со другиве нелуѓе, но убаво е да се знае дека во секој момент можеш да скокнеш во авион и да подишиш незагаден воздух со други големци од богатите елити.

Ама најтешко ни е на сите нас другите, што мораме да ве трпиме, да слушаме како сте се искачиле по скалата нагоре, убедувајќи нè дека сте заслужни за успехот кој сте го постигнале со 3 мозочни клетки и парите наследени од тато.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg