Се раѓаме слободни, но зошто потоа бираме окови?

Луѓето се создадени за да бидат целосно слободни, без злоба, без предрасуди и без критики. Но, зошто тогаш бираме живот со овие негативности?

se-ragjame-slobodni-no-zoshto-potoa-birame-okovi-01.jpg

Зошто се плашиме да ги држиме конците на својот живот и се спречуваме да бидеме најдобрата верзија од себе? Зошто стоиме во мрак, кога прекинувачот за светлото е кај нас?

Никој не ни ги наметнува тие ограничувања, туку самите бираме да се водиме по нив. Самите бираме да останеме на лошо работно место, бидејќи е сигурно, но и да бидеме со личности кои не се добри како друштво, само во име на навиките.

Самите креираме ѕидови околу нас, без разлика на што и да се однесуваат. Упорно го слушаме гласот кој ни вели дека нешто не смееме да направиме, бидејќи не е коректно спрема другите. Тоа спречува да исполниме многу желби кои ги имаме, само поради стравот.

Да, токму стравот е тој што стои меѓу вас и остварувањето на желбите. Стои и меѓу вас и целта кон која упорно се движите. Ја сакате вистината? Стравовите самите ги измислувате и со нив се саботирате во она што сакате да го постигнете.

Замислете колку подобро би ви било без самотија, стрес, грижи и фрустрации. Обидете се да го правите токму она што го сакате, без да се ограничувате со тој страв. Прекинете ги нездравите односи. Заминете од местата кои ве прават тажни. Никој нема да ве убие само поради тоа што сакате да бидете мирни и да се движите по осветлена патека.

Зошто живеете во окови, а глумите дека сте слободни? Зошто сè уште ве допираат туѓите зборови? Зошто се мачите со тоа каков впечаток ќе оставите? Зошто непотребно ја празните својата душа?

Прифатете ја различноста, почитувајте ги и своите и туѓите таленти. Пронајдете го она што за вас е среќа и автентичност и ќе се ослободите од сите стеги кои самите си ги наметнавте.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg