Кукаш мажите не те сакале затоа што не си била убава однадвор... Грешка си, не си убава однатре
Верувај, не е до градите, задникот нозете... Мрачна си. Црна. Исфрустрирана. Лечиш комплекси на сметка на другите. Лоша си со добрите. Не зрачиш. Не привлекуваш.
Доста ги прогласуваш мажите за кретени. Сакале само ку*ви, ти не си била доволно убава, доволно секси, доволно гола за нивните критериуми.
И знаеш дека не е така. Не е ниту до тоа што усните не ти се полни како на силиконска кукла, нозете тенки како на супермодел, а стајлингот како на светска дива.
Ниту тоа што имаш некој килограм плус/минус не е „виновникот“ што не си сакана.
Не се тие толку површни, иако сакаш да ги претставиш како такви.
Можеби за краткотрајните авантури физичкиот изглед им е приоритет, но кога станува збор за долгите врски, тие сакаат да изгребат и притоа да најдат нешто под површината.
Е, тука лежи причината. Проблемот е што ти не си убава однатре.
Не зрачиш. Не привлекуваш. Не си светлина во сивилото некому.
Мрачна си. Црна. Исфрустрирана.
Лечиш комплекси на сметка на другите. Лоша си со лошите, но уште полоша со добрите и тоа не е во ред.
Не ги цениш другите. Како со отровни стрели плукаш критики. Токсична си.
За тебе сè е црно. Никој не е доволно добар. Времето ти е бесценето, не го губиш веќе на секој и сешто.
Чиниш кралица на темнината си станала. Чувството на горчина што го имаш во устата оддалеку ти се познава.
Насмевките ти се извештачени, енергијата негативна, задоволството од животот сведено на 0.
Тонеш во својата нереализираност и неспособност да си го направиш животот убав.
И, искрено, воопшто не си убава однатре. Зошто некој маж би сакал да се буди до тебе до крајот на животот?
За да му глумиш лудило, да му кажуваш колку тој е никаков, колку животот е никаков, колку сè е црно и трагично.
Овој пат биди искрена кон себе и признај си дека не е до задникот, градите, јаболчниците, струкот, туку до тоа што го носиш, поточно не го носиш во себе.
Но, никогаш не е доцна, почни да работиш на себе. Почни да делиш насмевки, позитива, почитувај ги другите, сакај го секој миг.
Само кога ти ќе се вљубиш во себе и во животот, некој маж ќе се вљуби во тебе!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело