Еден совет кој ќе ви помогне да не љубоморите на љубовниот живот на другарката

Не е лесно да сте единствената сингл личност во друштвото, додека гледате како на сите околу вас им цвета љубовниот живот.

eden-sovet-koj-kje-vi-pomogne-da-ne-ljubomorite-na-ljubovniot-zhivot-na-drugarkata-01.jpg

И додека за другите не ви е многу гајле, љубовниот живот на најдобрата другарка понекогаш ви предизвикува фрустрации, особено кога ве одбива за дружење поради партнерот.

Не грижете се, тоа е природен одговор на вашиот нервен систем и навистина чувството не е убаво. Сепак, во овие ситуации треба да се потрудите да не се „отруете“ од самосожалување дека сте несреќни.

Лесно е да ви се чини дека сите се среќни и вљубени, освен, секако вие, но сетете се дека постојат и уште многу луѓе кои се сингл и среќни или по навика или по избор.

Од друга страна, реалноста за врските на вашите пријатели е онаа која ја слушате од нив и која ја гледате на социјалните мрежи. Секогаш постои шанса нештата и да не се толку розови како што изгледаат. Сетете се само на својата последна врска и ќе ви биде јасно што сакаме да кажеме.

Затоа, за да си помогнете против оваа љубомора, ставете си во глава дека дури и навидум најсреќните врски не се она што е прикажано пред јавноста. Не дека сакате на вашата пријателка да ѝ биде лошо, туку тоа е реалноста која вие сте ја подзаборавиле благодарение на долгите години сингл живот.

Следно што треба да направите е да мислите за себе како „материјал што не е за врска“, било да е тоа поради физички изглед или одредена карактерна особина која ве прави специфични. Запамтете, и вашите пријатели не се совршени, а сепак нашле љубов. Вас, најверојатно, уште не ви е време за тоа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Со друштвото си ги купивме најгрдите маички за Нова година наместо убави подароци (и пресреќни сме) Иако идејата тргна од мене, сите мои пријатели сфатиле дека треба да купат грди ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg