Поучна приказна: За да го решите проблемот гледајте од друга перспектива
Еден стар, мудар учител им повторувал на своите ученици дека во животот најважно е да имате отворен ум.
Но, зборовите како да не биле доволни, па им дал една практична задача.
„Одете до морето и наполнете ја цедалката со вода. Кога ќе го направите тоа, вратете се. Само така ќе ја сметам задачата успешно решена“, им рекол учителот.
Минал речиси цел ден, а од учениците ниту трага, ниту глас.
Веќе било зајдисонце, па учителот отишол до брегот. Ги видел учениците како седат уморни и разочарани.
Кога го виделе му викнале:
„Учителу, ни дадовте невозможна задача. Не е можно цедалката да се наполни со вода.“
Учителот ги прашал:
„Дали сте сигурни? Некогаш е добро да се обидете да го согледате проблемот од друг агол.“
Кога го рекол тоа, учителот му кажал на еден од учениците да ја фрли цедалката во море. Цедалката потонала.
Учителот рекол:
„Ете, сега е полна со вода.“