Мила, велиш мразиш што си сама, а шанса на добрите мажи не им даваш - грешиш!
Потребен ти е маж кој во најлошото најцврсто ќе ти ја држи раката. Маж кој нема да те остави кога ќе станеш „мрачна“, затоа што нешто ти натежнало на душа.
Вели осамена е. Мрази што е сама. Што нема партнер со кој ќе ја сподели болката, радоста. И ја разбирам. Си треба некој и во добро и во зло.
И забавите убаво минуваат. Но, деновите кога ти треба некој да те прегрне, покрај кој само ќе се склопчиш на креветот и ќе гледаш филм на студена дождлива ноќ и топло ќе ти биде на срцето си фали некој. Си кажува и таа самата.
И во ред е, кај некого втората половина доаѓа порано, кај некого подоцна. Но, ме плаши тоа што таа како да ги сече крилјата на приликите што доаѓаат до неа.
Ги убива во старт шансите кои имаат можност да траат. Тие добрите, мили мажи за неа не се предизвик. Воопшто не им дава шанса.
Не ѝ правеле бура во стомакот. Но, како знае дека бурата нема да пристигне кога воопшто не ги запознала?
Мила, утре кога годините ќе налегнат не ти е потребен маж кој ќе може да испие најмногу текили на шанк и да остане на нозе. Маж кој машкоста ја мери според жените кои „ги поминал“. Маж кој не сака никој друг, освен самиот себе.
Маж кој во првиот миг кога работите ќе почнат да губат од сјај ќе си најде некоја нова и помлада. Маж на кој секогаш ќе му бидеш вреќа за боксирање на која ќе ги истура сите негови животни фрустрации.
Потребен ти е маж кој знае да сака...
Маж кој има добра душа и искрено срце. Маж кој по автоматизам први добри дела, а не затоа што така треба. Маж кој во најлошото најцврсто ќе ти ја држи раката. Маж во чија прегратка ќе се изгубиш и ќе знаеш дека си сигурна. Маж чии дела говорат за љубов за каква книги се пишуваат.
Маж кој нема да те остави кога ќе станеш „мрачна“, затоа што нешто ти натежнало на душа. Маж кој е задоволен од тебе и не му се потребни 10 жени за да му ги задоволат апетитите. Маж кој бракот го гледа како задоволство, а не како ропство.
Велиш мразиш што си сама, а сопки ставаш на мажите од овој ков. Воопшто не им даваш шанса на оние кои имаат потенцијал среќна да те направат.
Зошто си го правиш ова? Не те разбирам...
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: С. С. | Црнобело