Мислите на другите сè им е подредено во животот? Не им е, или подобро се справуваат или подобро глумат

Фејсбук и Инстаграм го изобличија секој од нас. Особено втората социјална мрежа, таму сме во трка да бидеме што: послаби, позгодни, поинтересни, поуникатни, посреќни. До толку многу, што се губи перцепцијата за еден нормален живот, кога сите очигледно тежнееме кон нешто недостижно и совршено.

Mislite-na-drugite-se-im-e-podredeno-vo-zivotot-01.jpg

Но, еве ја вистината – совршено нема. И тие што ќе ги посочите како „најсовршени“ и „најсреќни“ во себе кријат мрачни тајни и проблеми. Не се сите толку многу среќни и задоволни како што се претставуваат или како што си ги замислуваме ние.

Или подобро лажат и глумат или подобро се справуваат со проблемите од вас. Ова не го зборуваме со горчина, злоба или да се ситиме на нечија туѓа мака. Ова го зборуваме затоа што никој не е совршен. Секој си има свои демони и се бори со нив онака како што знае и умее.

Следниот пат кога ќе се почувствувате несреќно и незадоволно со себеси и ќе започнете да ја споредувате сопствената мизерија со туѓата среќа, запрете веднаш. Ниту вие сте толку несреќни како што си замислувате, ниту другите се толку многу среќни како што се претставуваат.

Секој, без исклучок, има некаков проблем. Дали се работи за здравје, станбено прашање, работа, брак, деца, фамилија… сите се бориме да ги надминеме овие тешкотии. Да мислиш дека некому му тече мед и млеко додека тебе ти тече само дожд над главата е сосема погрешно, нездраво размислување.

Совршените фотки на Инстаграм се само илузија. Едно разубавување на суровата реалност со која сме обвиени. Никој не е имун на животните проблеми. Не постојат луѓе кои не плачат. Не постојат такви кои не се соочиле со скршено срце, со неверство.

Нема таков човек кого шефот не го изнервирал барем еднаш во неделата, човек кој не се нервира за проблемите на работното место.

Конечно, споредбите со другите околу нас се неминовни, но крајно непожелни. Доволно е да сфатиме дека сите, на крајот од денот, сме луѓе. Од крв и месо, сите со желби и соништа. Сите со мисла за подобро здравје, сите со проблеми.

Најсреќниот, оној кој има најширока насмевка, можеби крие најтажна душа. Само решил поинаку да се справува со проблемот. Не завидувајте никому, ценете го своето.

Зад фасадите се кријат други лица, зад затворените врати животите се одвиваат поинаку. Можеби животот ви изгледа нечесно, нефер на моменти. Вие толку многу се мачите, на некој друг сè му оди како подмачкано.

Порано или подоцна животот сите нè стигнува, нè наградува и казнува. Сите сме во истиот барабан. И не заборавајте, голи сме дојдени на светот и голи си одиме. Ништо нема да понесеш со себе по смртта.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg