„Најискрената вистина е дека овојпат дефинитивно завршив со тебе“
„Готово е и мразам да го кажам тоа. Мразам да се откажам од нешто што ми даваше толку надеж, од некој што ме правеше среќна во најголемиот дел од времето. ‘Најголемиот дел од времето‘ е клучната фраза во ова обраќање.
Но, се чини дека сум ловела нешто што не ни било таму. Мразам да мислам на тоа дека можеби требаше уште еден обид за сето ова да успее. Но, не бев јас таа која требаше да се обидува и додека сум жива, ќе се потсетувам на тоа.
Ми се смачи да се обидувам за некој што не ме сметаше за доволно добра. Беше љубезен, но искрено, тоа не ми требаше. Не бев јас таа што е несигурна.
Готово е со обиди да бидам со некој кој ми се претстави дека е многу поголем од она што навистина е. И се надевам дека навистина си веруваш во тоа што го кажуваше, иако ако беше до мене, немаше да се обидам да сменам ниту една ситница кај тебе.
Се обидов и навистина дадов повеќе отколку што би дала повеќе за кој било друг. Не знам што можев повеќе... Немам подобри зборови од оние кои веќе ги кажав. Но, се изморив и веќе не знам како би те освоила.
Ако треба толку многу напорно да се работи на нешто, најверојатно не е ни вредно. Сепак, јас сакав да вредиш за сето вложено време во тебе.
Веќе не се бранам кога пријателите ми велат дека губам време, бидејќи излезе дека биле во право. Мислев дека овојпат грешат.
Веќе нема да се обидувам да те правам среќен и по цена на сопствената удобност. Нема ни да гледам во телефонот очекувајќи го твоето име да се појави на екранот.
Ми здодеа играње игра на која не се претплатив. Не можам да бидам опција на некој кој сум го сметала за приоритет.
Никогаш не престанав да ти верувам. Замислував многу моменти, но веќе е готово - веќе никогаш нема да бидеш ти пред мене. Го мразам секој разговор на кој ти си тема.
Можеби е и до мене. Ти не побара ништо од ова, а мојата намера не беше да ескалира ситуацијата до овој степен. Веќе не ни можам да се обидувам повеќе од ова да те направам среќен.
Не можам да ја надополнам празнината која ја имаш, бидејќи за тоа ти требаше да бидам личност каква ти сакаш. Се обидов, но ни моето најдобро не беше доволно.
Не сум јас таа што се откажа. Вложувам голем напор во игнорирањето.
Можеби во иднина ќе се сретнеме повторно, не знам во каква ситуација, но едно е сигурно, ќе имам сè што ти не можеше да бидеш.“
Е. Д. | Црнобело