Кога тешко доаѓаме до нешто, тогаш ни е послатко

За самодовербата е предобро кога нешто што го почнувате тргнува успешно уште од самиот старт.

ako-ne-e-losho-na-pochetok-togash-ne-vredi-ni-da-go-pravite-toa-01.jpg

Но, според психологијата, задоволството и зголемената самодоверба се уште поголеми кога за нешто сте се потрудиле многу повеќе од вообичаено, па дури и ако во даден момент ви било претешко.

Без разлика дали се работи за работа, врска, пријателство или друго животно достигнување, кога сè оди како подмачкано, се запрашувате дали е можно да е толку добро за да биде реално. Вистината е дека кога за нешто се трудите, губите нерви и вложувате многу време, тогаш тоа ви причинува повеќе задоволство кога ќе стане успешно.

Инстант задоволство е кога со пари ќе си купиме нешто што ќе нè направи среќни, но таа среќа е моментална и тоа може да ни здодее. Но, помислете како се чувствувавте кога добивте нешто што го посакувавте после долга борба. Сигурно можете сè уште да ја почувствувате среќата.

Токму во тоа се докажува и поентата дека за некои нешта мора да се вложуваат многу ресурси, за да може на крајот да ви причини големо задоволство, среќа и чувство дека целите токму на вистинското место. Амбициите и визијата се само поттик во тој пат.

Многу пати ќе бидат срушени и прегазени, ќе бидете облеани со тешки емоции, но токму тоа на крајот на денот ќе ве направи личност која умее паметно да располага со своите време и вештини и која ќе ги постигне саканите резултати.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg