Поучна приказна: Зошто не треба да судите пред да запознаете некого?
24-годишно момче патувало со својот татко во воз, кога викнало:
„Тато гледај, дрвјата се движат наназад!“
Таткото со љубов му се насмевнал на својот син, а еден пар кој седел во нивна близина го гледал момчето со тага и сожалување.
Одеднаш момчето повторно викнало:
„Тато, гледај, облаците летаат со нас!“
Парот веќе не можел да издржи и на таткото му рекле:
„Господине, зошто не го испратите вашиот син кај некој добар доктор? Некој сигурно може да му помогне.“
Таткото се насмевнал и им одговорил:
„Ние токму сега се враќаме од болница. Мојот син беше слеп од раѓање, но со помош на операција му е вратен видот. Тој утрово може да гледа за првпат во животот“.
Секоја личност на планетава има единствена приказна и затоа не судете за другите пред да ги запознаете, затоа што вистината може да ве изненади.