Клекна на коленици, го бакна на меѓуножјето во скопски ноќен локал – дали очиве ме лажат?

Поголем удар на достоинството на жените не сум видела. Си клекна таа среде локал, си сака внимание по секоја цена, што е важно што се понижува...

klekna-na-kolenici-go-bakna-na-megjunozhjeto-vo-skopski-nokjen-lokal-dali-ochive-me-lazhat-01.jpg

Во еден скопски локал со другарки, рокче и пијалак убаво си поминував, и покрај гужвата, но хитот на ноќта пристигна околу 2 часот по полноќ.

Една разиграна девојка, секоја чест - позитивна енергија и танцување секогаш е за пофалба, ме остави подзината. Среде танц клекна на колена, па еден од момците до неа го бакна во меѓуножјето.

Не, си ја гледам својата работа, а не ја гледам туѓата, но беше на коњопојот до нас и не можеше да мине незабележано. За миг се запрашав дали ме лажат очите, кога ја гледам истата запрепастена фаца на уште некои луѓе што ја уловија сцената.

Девојко, жено, како и да е, дали ти се сметаш за достојна припадничка на женскиот пол? Каде го остави достоинството, каде ја заборави гордоста?

И разбирам сето тоа лудост, младост, забава, ама ова ја преминува секоја мера. Како се чувствуваш утре кога промилите на алкохол во крвта ќе ти исчезнат и ќе се сетиш дека вчера му клечеше на колена? Или пак воопшто не се сеќаваш?

Јас мислам дека се сеќаваш и дека си очајна по внимание по секоја цена и најтажно од сè дека правиш вакви испади постојано. И навистина не изгледа пријатно.

Изгледаш како жена што не се цени себеси, жена што би дозволила да ја газат, жена што издигнува маж на пиедестал за бедни 5 минути внимание. Зарем до таму стигнавме?

Да ги молиме мажите за внимание? Да молиме за секс? Да сме среќни што ни дозволил да му го бакнеме меѓуножјето?

Уф, се ежам од зборовите, се ежам од сцената што ја видов, се ежам од недостојни жени. Премногу евтино, ниско, некултурно...

Зарем твоите родители за ова те гледаа целиот свој живот како капка на дланка? За да клекнуваш некому на коленици среде преполн локал и сите да ти се исмеваат?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело / фото: deposiphotos.com

Би можело да ве интересира:

Скопски газда им скратил по 500 денари од плата на вработените за да направи новогодишна забава Вработените отишле на забавата, гневни затоа што треба сами да платат за сѐ, со ...
Билјана Марк на 3 години го преживеала скопскиот земјотрес: „Ме поклопил плакар, со месеци живеевме ... „Во време на земјотресот, татко ми беше управител на затворот Идризово. Па нè см...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg