Што да си кажете себе во моменти кога се чувствувате безвредно?

За жал, постојат и вакви моменти во животот, кога се чувствувате дека сè што правите нема никаква вредност.

shto-da-si-kazhete-sebe-vo-momenti-koga-se-chuvstvuvate-bezvredno-01.jpg

Сосема е нормално вашата самодоверба и љубовта кон себе да излезат од контрола под различни околности и на секој му се случило да смета дека што и да прави е погрешно. Но, лошо е и да очекувате дека нештата можат да се средат преку ноќ.

Процесот на враќање на самодовербата и сознанието дека вредите некогаш одзема повеќе време, но најважно е да не се откажете.

Колку и да звучи смешно и несекојдневно, потребно е да разговарате со себе и да си повторувате одредени нешта, како што се:

„Прекрасен/на си!“

Затоа што сите сме прекрасни. Без разлика на тоа какви физички или ментални карактеристики поседуваме, ова е апсолутна вистина. Дури и кога не чувствувате дека е така, повторете си го ова.

„Вредиш за ова!“

Не ставајте ја својата вредност во туѓи раце никогаш. Ако сакате да ја вратите самодовербата, почнете со менување на состојбата на умот. Вие вредите и не се задоволувајте со ништо помалку од тоа.

shto-da-si-kazhete-sebe-vo-momenti-koga-se-chuvstvuvate-bezvredno-02.jpg

„Не се откажувај!“

Секое лошо искуство подоцна е вредна животна лекција. Оставете си доволно простор за да ја преживеете и научите.

„Ова е привремено!“

А има ли нешто што не е привремено? Дури и нашиот престој на оваа планета е привремен. Сè што дошло, кога-тогаш ќе помине, а пред себе останувате самите вие и таму нема простор за лоши емоции и разочарувања.

„Она што другите го мислат не сум јас!“

Ако некој ве навредил и обезвреднил, простете му што не дал шанса да ве запознае каква личност сте. Немојте тие ставови да ги рефлектирате врз вашата реална личност. Не смее никој друг да ве дефинира какви сте, освен вие самите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg