Слушајте го својот внатрешен глас без страв од иднината
Една од најприфатените идеи на духовноста и самосвесноста е дека секој човек, без исклучок, длабоко во себе знае сè за својот живот и за иднината.
Идејата е дека треба да научите да погледнете доволно длабоко во себе, за да можете да предвидите што може да очекувате во иднината. Сигурно ви е познато чувството дека вашиот стомак ви дава знак кога нешто не е во ред и дека поради некоја логика, секогаш е во право.
Многумина на шега би рекле дека во стомакот имаме втор мозок кој нè предупредува или ни дава зелено светло за нешто. Сепак, треба да ви е јасно дека она чувство во стомакот „работи“ само за сегашноста, а за иднината би требало да се потпрете на своите инстинкти.
Стегањето во стомакот ќе го почувствувате кога ви претсоти некој настан, состанок, средба, кога треба да одлучите како да постапите и по кој пат да тргнете. Но, кога се работи за иднината, вашиот стомак молчи.
Верувајте му, бидејќи ако го направите тоа, тогаш е поверојатно дека ќе изберете правилно. Не дозволувајте вашата имагинација и свесна конфузија да одлучуваат наместо внатрешниот глас.
Ако сте биле со некого и веќе не сакате да бидете ни минута со таа личност, тоа е вашиот инстинкт. Тој ви помага да се повлечете од потенцијалната опасност, без да треба да размислите за тоа. Со стегањето во стомакот е малку поинаку. Сè додека не мешате емоции во тоа, можете да се потпрете на чувството што го имате во стомакот и да го послушате доколку ви кажува дека ќе се случи нешто позитивно или негативно.
Е. Д. | Црнобело