Ги има тие големи љубови кои никогаш не поминуваат - се викаат најдобри пријателки

На почетокот на секоја нова година, односно во јануари, ми се нижат родендените на оние кои ги сакам со години. Таа љубов потекнува уште од гимназиските денови и не поминува. Го трпи она што ниту една друга не го истрпела, ниту ќе го истрпи. Таа љубов понекогаш е помала, понекогаш поголема, но важно – не престанува.

gi-ima-tie-golemi-ljubovi-koi-nikogas-ne-pominuvaat-se-vikaat-najdobri-prijatelki-01.jpg

Тоа е љубов која има разбирање за сè. Дека понекогаш ќе ме снема, дека понекогаш не се трпиме, но сме молчеливо поврзани. Таа љубов има сила за сè. Барем се надевам.

Го трпи мојот блесав и непромислен јазик, брзоплетите и неконтролирани реакции и мисли, трпи кога молчам и не се јавувам со месеци, трпи кога понекогаш сум груба во своите најголеми слабости.

Ги имам тие две јануарски љубови кои најмногу ги сакам. Потполно во сè се различни. Седеа зад мене во иста клупа 4 години. Имавме цел еден мал живот пред нас – први вљубувања, самостојни патувања, луди проводи, танцување додека не паднеме, буквално животите си ги преплетувавме една со друга.

Создававме спомени кои ги прераскажувавме смеејќи се до солзи, додека не им досадиме на сите околу нас. Имавме заедничка младост. И тоа каква младост...

Тогаш една по една си го наоѓавме животниот пат, своите лични приказни и разочарувања, своите тивки и големи патења, своите среќни и тажни моменти. Едно знам – никогаш не се откажавме една од друга.

Понекогаш ни се чинеше како да не сме тука, но брзо се враќавме во животот една со друга, како ни секунда да не поминала.

gi-ima-tie-golemi-ljubovi-koi-nikogas-ne-pominuvaat-se-vikaat-najdobri-prijatelki-02.jpg

Тие се мојата банда. Моето племе. И ме сакаат. Секогаш. И кога се лутат, ме сакаат. Бидејќи во животот ги има тие големи љубови кои не поминуваат, ви тврдам.

Тие се мојата база. Моето сидро и кога тоа не го знаат. За многу работи не сум им кажала благодарам, длабоко во себе знаејќи дека некои услуги во животот никогаш нема да можам да им ги вратам.

За овој јануари немам подготвени подароци. Бидејќи, досега сè што имавме си подаривме една на друга. Единствено што имам се овие неколку редови посветени на нив. Барем малку да им објаснам колку ми го збогатуваат животот.

Бидејќи ми се сестри, иако не ми се.

Бидејќи се опоравуваме една од друга од сè што ќе нè снајде.

Бидејќи нашите кафиња значат слобода, значат украдено време од домашните задачи, љубовните состаноци...

Бидејќи и понатаму ги поминуваме тие два часа еднаш неделно, зборувајќи за нашите души, за тоа каде сме, а каде сакаме да бидеме.

Бидејќи никогаш нема да бидеме престари за да се кикотиме по улици до солзи и луѓето да се вртат по нас со чудни погледи.

Бидејќи планираме патувања на кои мали се шансите дека некогаш ќе стигнеме, но ги планираме како да сме со куфери веќе пристигнати на аеродром.

Бидејќи си делиме комплименти една на друга и тогаш кога изгледаме ужасно.

Бидејќи една на друга си испраќаме пораки со „те сакам“ и тогаш кога нема никаква посебна причина и повод.

Бидејќи редовно одиме на концерти и забави, баш како кога бевме тинејџерки.

Бидејќи, за не дај Боже, редовно си ги ветуваме бубрезите. И тоа сериозно го мислиме.

Бидејќи не планираме никогаш да остариме со духот, а кремите важно ни се набавени со време.

Бидејќи ќе бидеме вакви, сè додека нè држат нозете.

gi-ima-tie-golemi-ljubovi-koi-nikogas-ne-pominuvaat-se-vikaat-najdobri-prijatelki-03.jpg

Зошто? Затоа што со децении сме неразделни, без оглед на животот, бидејќи сме сродни души и ништо помалку од тоа.

Бидејќи многу момчиња, мажи и љубовници доаѓаат и си заминуваат, но ние остануваме. Една за друга, дури и на различни меридијани.

Чувајте ги вашите пријателки, негувајте ги колку што времето ви дозволува, разгалувајте се една со друга. Дружете се повеќе, плачете си една со друга почесто, смејте се додека не почнете да икате. Секогаш. Славете се една со друга.

Јадете колачи, па кукајте како сте дебели заедно, иако не сте. Вратете се дома среќни, затоа што сте го поминале времето со оние кои секогаш ве разбираат.

Бидејќи, ви кажав, ги има тие големи љубови кои никогаш не поминуваат. Се викаат најдобри пријателки.

gi-ima-tie-golemi-ljubovi-koi-nikogas-ne-pominuvaat-se-vikaat-najdobri-prijatelki-04.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg