Приказната на една бабичка ќе ви го спаси животот

prikaznata-na-edna-babichka-kje-vi-go-spasi-zhivotot-01.jpg

Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и ѝ се пожалила дека тешко ѝ оди во животот.

Не знаела како понатаму, но и не сакала да крене раце од својот живот. Сепак, била уморна од борба затоа што штом решела еден проблем ѝ се појавувал друг.

Слушајќи ја, баба ѝ ја однела во кујната.

Наполнила три лонци со вода и ги ставила на оган додека водата не започнала да врие. Во првиот ставила морков, во вториот јајце, а во третиот неколку зрна кафе.

Седнала и ги оставила работите да вријат. По 20 минути го изгасила оганот.

Потоа го извадила морковот и го ставила во чинија, па јајцето во друга и зрната кафе во трета.

Бабата се свртела кон својата внука и ја прашала: „Кажи ми што гледаш?“

„Гледам морков, јајце и кафе“, ѝ одговорила таа.

Бабата потоа ја замолила да го допре морковот. Кога го сторила тоа внуката видела дека е многу мек.

Потоа бабата ја замолила да го скрши јајцето. Внуката го сторила тоа и под лушпата имало цврсто сварено јајце.

На крајот, бабата ја замолила внуката да ја проба водата во која вриеле зрната кафе. Внуката се насмеала кога ја почувствувала богатата арома на кафето.

„Што значи сето ова бабо?“

Бабата ѝ објаснила дека секоја од овие намирници е соочена со истата неволја – водата што врие. Но, и дека секоја од нив реагира поинаку.

Морковот бил тврд и непопустлив, но откако се соочил со врелата вода омекнал и станал послаб.

Јајцето било кревко, имало нежна лушпа и течна внатрешност, но по соочувањето со врелата вода неговата внатрешност се стврднала.

Но, затоа зрната кафе биле единствени. Откако се соочиле со врелата вода, тие всушност ја промениле водата.

„Во кој пример се пронаоѓаш ти, дете мое?“, ја прашала бабата својата внука.

Извор

Би можело да ве интересира:

Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Бадник и Божиќ во мојот дом во Битола – Баба ми возбудено готви, јас дотеран за во црква Паметам кога бев малечок, уште во зорите на ладното зимско утро ќе ме разбудеа п...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg