Вашиот брод нема да тргне ако вие не го кренете сидрото
Убавина, непредвидливост, празнина... Тоа е океанот на вашиот живот кој треба да го препловите, а вашите очи и немаат капацитет да видат дека е многу повеќе од тоа.
Убавината е под површината, а непредвидливоста ве потсетува дека сте живи и дека треба да нурнете во предизвиците на дневните задачи. Секако, има бранови, има вртлози и по некое опасно суштество.
Некогаш пловењето ќе оди лесно и мазно, некогаш ќе има бури и бранови, повторно мирно море, па ладен дожд и така со години... Иако нема предвидливост, треба да научите да се борите со приликите кои доаѓаат.
За сето тоа време, површината на животниот океан ќе го рефлектира она што го правите. Но, никогаш нема да предвидите што ве чека во иднината, бидејќи насоката на вашиот брод ја давате само вие.
Не заборавајте дека животот е полн со чуда, со неизвесност, со здодевност, но и со брзање напред. Секоја наутичка милја е важна. Не подлегнувајте на ниту еден бран, ниту на бурите. Можеби океанот е само една голема водена површина, но неговата убавина лежи и под нејзе и лета над нејзе.
Што сме сите ние? Вода. Сол и минерали. Хемиска реакција наречена живот, проследена со многу биолошки функции. Исто како и океаните, вам не ви треба причина за да бидете силни, моќни и прекрасни под површината. Сè што се случува околу вас е затоа што вие знаете како да ги препливате тие води.
Е. Д. | Црнобело