10 знаци дека всушност 2018-та беше добра година за вас
На крајот од секоја година имаме желба следната да ни биде уште подобра, а често и им даваме поголемо значење на лошите настани, отколку на добрите.
Затоа, свртете се уште еднаш зад себе и размислете дали навистина беше така?
Ова се 10 знаци дека всушност и не беше така лошо:
1. Бевте повеќе сконцентрирани на она што го сакате, а не на она што сакате да бидете
2. Не бегавте од ризиците, дури и кога се плашевте и знаевте дека правите добро за себе
3. Не остваривте некои цели, но не се мразите поради тоа
4. Не се грижевте за нешта кои не можете да ги промените
5. Се ослободивте од минатото и непотребниот гнев
6. Сакате да поминувате повеќе време сами, бидејќи сфативте дека сте си најдобриот пријател
7. Научивте да ги цените моментите и трпението
8. Го отворивте своето срце и се покажувате во вистинско светло
9. Не дозволувате професијата и работата да ве дефинираат како личност
10. Верувавте и сè уште верувате дека можете да зграпчите многу повеќе од иднината
Е. Д. | Црнобело