Поучна приказна: Kако да се ослободиме од лошите навики?
Еден богат човек му се пожалил на еден стар учител дека сака да го одвикне синот од лошите навики и побарал помош од него. Учителот прифатил и го земал детето на прошетка во градината.
Потоа застанал на едно место и побарал од момчето да откорне една мала билка, која израснала недалеку од местото каде што стоеле.
Момчето ја фатило билката со палецот и показалецот и ја откорнало од земјата. Потоа учителот му рекол да откорне малку поголема билка.
Момчето ја повлекло и ја откорнало и неа.
Потоа му кажал да откорне една грмушка.
Момчето морало да ја употреби сета своја сила и едвај ја откорнало грмушката.
Потоа, учителот му рекол да откорне едно дрво. Момчето го грабнало дрвото со двете раце, но стеблото воопшто не мрднало.
На крај се предало и рекло:
„Ова не е возможно.“
„Е така и со лошите навики. Кога се млади лесно е да ги откорнеме, но кога ќе се развијат тешко е да ги искорениме“, му кажал учителот.