Сите се експерти за политика, а им треба деценија да ја сменат власта, болесниците владеат, а децата ги лекуваме со СМС пораки

Да резимираме… Поголемиот дел од народот работи работа која ја мрази, прима плата која му е недоволна, спие со оние што не ги сака, се опкружува со луѓе што не ги поднесува, го зборува она што не го мисли, а го мисли она коешто нема сила да го изговори.

Bolesnicite-vladeat-a-decata-gi-lekuvame-so-sms-poraki-01.png

Се повикува на законот кога нешто ќе му биде одземено, а баш му е гајле за законот кога нешто ќе згреши…

Поголемиот дел од Македонците мислат дека е нормално да ја продадат главата да го наполнат газот, молчешкум ги враќаат кредитите за задоволување на политичката суета, не се свесни дека власта го сака народот исто како што педофилот децата и им веруваат на поповите, кои пак не веруваат во даноци…

Поголемиот дел од нашиот народ најмногу се лути кога ќе погодиш директно во заблудите. Вината секогаш ја бараат во другите, наместо во огледалото, експерти се за политика, а потребна им е деценија да ја сменат власта, ги менуваат политичарите, но не и системот, мислат дека ќе им помогне Бог, па си одмагаат самите на себе…

Затоа децата ќе ни работат на бродови и за странски инвеститори.

Затоа помладиот соработник наместо сам свој газда ќе си стане роб на себеси.

Затоа 30 години ги вртиме сличните политичари на калеидоскопот на пропаста.

Затоа нашите болесници владеат додека децата ги лекуваме со СМС пораки.

Затоа селанецот ги праќа децата во град, а граѓанинот своите надвор од државата.

Затоа сè уште нè води екипата која во ’90-тите години се дочепи до богатството на оние со скинати капути, со цел да ни покаже како се станува Швајцарија.

Затоа увезуваме зеленчук од пустински земји, а нашите земји самите стануваат пустини.

Затоа се делиме на верници и неверници, на оние и овие, наместо на угнетувачи и угнетувани.

Затоа гласот на разумот е тивок во нашата отворена лудница.

Затоа и живееме во минатото, бидејќи поголемиот дел не се борат за иднината.

Нашата чудесна балканска утопија.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg