„Сè што требало да знам научив во градинка“

Како треба да го живеам животот, што треба да правам и каков да бидам, помалку или повеќе научив во градинка. Мудроста не била на крајот на дипломирањето, туку токму во забавиштето, во базенот со песок.

Se-sto-trebalo-da-znam-nauciv-vo-gradinka-01.jpg

Еве што научив: Подели сè. Играј чесно. Не удирај ги другите. Врати ги работите таму каде што биле. Исчисти после тебе. Не земај предмети што не се твои. Извини се кога ќе повредиш некого. Измиј си ги рацете пред јадење. Живеј го животот урамнотежено. По малку учи, по малку размислувај, и цртај и сликај и пеј, танцувај, играј и работи по малку секој ден.

Дремни секое попладне. Кога ќе излезеш надвор, внимавај на сообраќајот, држи се за рака и не лутај сам. Биди свесен за чудата. Сети се на малите семиња во пластичната чашка. Корените одат надолу, а растението расте угоре и никој не знае зошто или како, но сите ние сме такви.

Златните рипки, хрчаците, белите глувчиња и семињата во пластичната чашка – сите тие умираат. Исто така и ние.

А потоа, сети се на приказната на Ивица и Марица, на првиот збор што си го научил, најголемиот од сите: Гледај. Сè што треба да знаеш е таму некаде. Златните правила, љубов и основна хигиена. Екологија, политика и човечно живеење.

Помислете само колку поубав би бил светот – целиот свет, кога сите би земале колачиња и млеко, секојдневно во три часот попладне, а потоа си легнеме во креветчињата и дремнеме. Или кога сите нации би усвоиле правило со кое сите ќе мораме да ги враќаме на место работите што ги земаме и да чистиме по нас.

И навистина е точно, без разлика колку си стар, кога ќе излезеш во светот подобро е да се држиш за рака и да не си сам.

Роберт Фалгам („Пилешка супа за душа“ – Џек Кенфилд и Марк Виктор Хансен)

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg