Извини тато, за секој пат кога срцето со збор ти го корнам и кога не те ценам доволно!

izvini-tato-za-sekoj-pat-koga-srceto-so-zbor-ti-go-kornam-i-koga-ne-te-cenam-dovolno-01.jpg

И ќе кажам без размислување: „Во ред е, стар си ти, не можеш да го направиш тоа“ и ќе ги повредам чувствата на тој добар човек со седа коса кому најголема желба целиот живот му беше да ме види мене среќна, пред мене да се постави како карпа, како моето безбедно пристаниште, како симбол на моќ.

Само со еден збор кој мене без размислување ќе ми излета од уста, нему ќе му ги повредам чувствата и гордоста.

А годелив е тој. Отсекогаш бил. Исправен, достоинствен, самоуверен.

Но, сега годините го направија своето. И стана и нежен и кршлив.

Порано неговиот авторитет се чувствуваше, доминираше во просторијата.

Сега другите го гледаат само како немоќен старец. Дури и јас самата на моменти.

Здравствени проблеми, пензија и денови минати пред телевизорот.

И ќе избрзам со нешто. И ќе кажам што не треба.

Но, тоа не го правам намерно за да му наштетам. Само сум брзоплета.

И си мислам дека ќе заборави за миг, како што заборавам јас. Но, не, тој помни.

Секој мој збор длабоко му се врежува во умот и му го жегнува срцето.

И кога ќе сфатам што сум сторила, очите ми се полнат со солзи.

Но, веќе е предоцна и штетата е сторена. Нема назад. Го повредив човекот кој за мене срцето би го дал.

А, сега на тие години не му преостанаа некои посебни случувања во животот, ниту предизвици, ниту авантури.

Сега, апсолутно сè на светот сме му ние - децата и неговите внучиња. Тоа му е сонцето на тмурен ден.

И утре и мене ќе ме стисне староста во својата прегратка. И, исто како и тој, повеќе ќе немам сила за кавги и борба со титани.

Јас само ќе сакам мир, ќе ја ценам хармонијата, иако другите можеби ќе мислат дека сум летаргична и немоќна.

Нема да сакам да си ја трошам енергијата и деновите на кавги и докажување. Веќе ќе ја имам научено лекцијата дека животот залудно си го трошиме на безвредни работи.

Дека не го цениме, дека времето дадено не си го цениме.

И сфаќам дека не би сакала некој така да се однесува со мене. Со збор да ми го растргнува срцето и ноќта да ми ја прави бессона.

Затоа: „Извини, тато, извини за секој кажан збор, за секој пат кога мојата брзоплетост те повредила. И верувај дека те ценам како никој друг, дека сум свесна дека да не беше ти, јас немаше да бидам ова што сум. Те ценам повеќе од што покажувам. Запомни го тоа!“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg