Најголемата вистина за девојките кои се среќни со својот сингл статус

Кога таа вели дека ѝ е добро, не лаже. Не го кажува тоа само за да изгледа кул пред другите, ниту за да се увери себе дека ѝ е добро, па затоа не ја сожалувајте.

najgolemata-vistina-za-devojkite-koi-se-srekjni-so-svojot-singl-status-01.jpg

Го вели тоа затоа што е вистина. Затоа што се буди наутро и безгрижно се движи низ претстојниот ден, иако во него не се вклучени секс и бакнежи. Нејзе не ѝ треба тоа за да биде среќна.

Таа девојка веќе го создаде светот кој го сака. Сигурно студира она што го сака или ја работи работата од своите соништа. Романсата е добредојдена, но не е неопходна.

Таа не е под лажни импресии дека за да биде среќна, мора да има љубов. Има пријатели, семејство, миленици, роднини кои ја обожаваат. Да, можно е да се биде среќен и без љубовна врска. Тогаш ги гледаш сите причини за кои му се радуваш на животот и точно знаеш каде одиш.

Таа го мрази притисокот на луѓето околу нејзе да ја запознаваат со сингл другар или братучед. Повеќе сака да ја прашуваат како ѝ е на студии или на работа, дали учи нешто ново и што постигнува на професионално поле.

Оние кои неправедно ја етикетираат како несреќна, всушност самите се плашат од идејата да бидат сингл. Тие погрешно заклучуваат дека за некој да биде среќен мора да биде во врска.

Но, таа сепак е среќна, без разлика дали другите ѝ веруваат или не.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg