Дали сте навистина лути или само чувствата ви се повредени?

Пред на некого да се истурите и да кажете нешта за кои подоцна ќе се покаете, обидете се да ги разберете своите емоции.

dali-ste-navistina-luti-ili-samo-chuvstvata-vi-se-povredeni-01.jpg

Кај многу луѓе, лутината доаѓа по повредените чувства, а повредени се токму поради тоа што не се разбрани. Емоциите се доста комплицирани, без разлика дали се работи за љубовен партнер, за пријател или член од семејството.

Разбирањето на емоциите помага да направите разлика во тоа дали сте лути или само ви се повредени чувствата и гордоста.

Лутина поради љубов

Овој проблем е многу чест меѓу мажите и жените. Тие реагираат многу различно и често има „пречки“ во комуникацијата, што води до две повредени страни.

Кога некоја личност е континуирано повеќе пати повредувана, таа ги затвора своите емоции и може со години да се изолира од какво било емотивно врзување. Најчесто тоа погрешно се толкува како незаинтересираност и ја повредува другата инволвирана страна.

dali-ste-navistina-luti-ili-samo-chuvstvata-vi-se-povredeni-02.jpg

Она што не го знаеме е како другите засегнати се чувствуваат по истото прашање за кое сме лути.

Така, наместо да носиме избрзани заклучоци, многу е подобро да се смират реакциите и да се процени дали сето тоа може да влијае врз целокупниот однос.

Затоа, не дозволувајте вашите повредени чувства да ве направат лута и фрустрирана личнос. Разговарајте и секогаш дајте до знаење како се чувствувате, пред да биде предоцна за поправање.

dali-ste-navistina-luti-ili-samo-chuvstvata-vi-se-povredeni-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Кратка емотивна приказна: За љубов не се потребни пари Мажот и жената, иако сиромашни, ја покажале љубовта во најтешките моменти и го п...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Омиленото годишно време открива какви сте во љубовта (но и каков ви е карактерот) Многу работи го дефинираат начинот на кој луѓето сакаат и се однесуваат во љубов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg