„Чевлички“ - цртаниот филм што носи мирис на детство, среќа и безгрижни денови
Мирис на детство и носталгија по едно поубаво време кога сè беше поедноставно, дали анимираниот филм „Чевлички“ ве потсетува на тоа?
Поминаа повеќе од 3 децении откако се емитуваше првата епизода од цртаниот филм „Чевлички“, а магијата што тој ја носи со себе не умира.
Снимањето на авантурите на чевличките луѓе започна во 1987 година и остави огромна трага врз нашето детство.
Преку ТВ екраните патувавме во нивната магична земја и се соживувавме со нивните забавни авантури.
Британскиот сериски анимиран филм се прикажуваше во 62 земји во светот, меѓу кои и Македонија.
Креација е на Џејмс Дрискол кој открил дека инспирацијата ја добил откако сфатил колку стилот и изгледот на чевлите на луѓето говори за карактерот на сопствениците.
Потоа се запрашал какви приказни самите чевли би можеле да раскажат.
Потсетување на анимираниот филм „Чевлички“:
С. С. | Црнобело