Верувај во себе, или никој нема да ти верува

„Верувај во себе“ е фраза која пречесто се употребува, што скоро веќе никој не го сфаќа сериозно нејзиното длабоко и реално значење. Но, да си верувате себе значи и дека сте најспособната личност за она што треба да го направите.

veruvaj-vo-sebe-ili-nikoj-nema-da-ti-veruva-01.jpg

Токму поради тоа треба да си верувате и во деновите кога мислите дека целосно сте го промашиле животот. Верувајте си и кога ви се чини дека е најпаметно да се откажете, бидејќи тоа значи дека всушност никогаш не сте биле поблиску до она што треба да го постигнете.

Секој од нас ја има моќта да креира или најдобра слика за себе или најлоша. На вас е да изберете која од тие слики ќе се вреже во вашиот мозок и според нејзе ќе се водите низ животот.

Верувајте си, за да знаете дека никогаш ништо нема да може да влијае врз вас и вашите одлуки на долгорочен план. Она како се гледате себе влијае и какви сте во реалноста. Ако верувате дека сте способна личност која е одредена за успех, по таа патека и ќе чекорите понатаму.

Верувајте си себе бидејќи тоа е единствен начин да го уверите светот во вашите квалитети. Навистина е лесно да се сомневате во себе, но тоа не треба да биде пречка за да бидете свесни дека сè што можат другите, можете и вие - а сигурно и подобро од тоа.

Верувајте си и ќе бидете навистина изненадени од исходот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg