Ти и само ти си причината што денес уште си тука
Ти и никој друг си причината затоа што утрово се разбуди и стана од креветот. Треба да се гордееш со тоа, бидејќи првиот чекор воопшто не е лесен, особено затоа што не знаеш какви предизвици ти носи новиот ден.
Ти си причината што стигна толку далеку.
Самиот ти и никој друг се соочи со сите тие ужасни ситуации од минатото и излезе како победник. Не го заборавај тоа, колку и да ти создава минатото анксиозност. Тоа е направи подготвен за времето кое доаѓа, затоа што сегашноста е онаа која ја одредува иднината.
Ти си причината што сè уште дишеш и тоа е прекрасно.
Го храниш своето тело и го одржуваш во живот. Зарем има нешто подобро од тоа да бидеш жив и да ги зграпчуваш сите предизвици во светот.
Ти си причината затоа што си тоа што си!
Ти имаш наследено многу физички и карактерни особини од родителите, но имаш и свои уникатни карактеристики кои те прават да бидеш единствен. Треба да се гордееш со тоа.
Ти си причината за љубовта која ја имаш кон себе.
Затоа што грижата за себе е многу повеќе од пиење апче кога те боли главата или одење на лекар кога не се чувствуваш добро. Ти се сакаш себе, ги сакаш другите, ги купуваш предметите што ти се убави и ја носиш облеката која прави да се чувствуваш убаво.
Затоа што ти си тој што те контролира тебе и тоа те прави посебна личност.
Е. Д. | Црнобело