„Бидете вредни, но не ја ставајте работата пред семејството“ - Животни совети од 60-годишна жена
Нема ништо поточно од тоа дека мудроста си доаѓа со годините. Искуството си го прави своето, па една жена решава со светот да ги сподели лекциите кои ги научила во изминатите 6 децении.
На број се 14 и изгледаат вака:
1. Може да живеете краток или долг живот – никој не знае. Но, како и да е, за здравјето треба да се грижите во младоста.
2. Пријател е оној кој ќе се појави на помош дури и во 2 по полноќ. Другите се само познаници.
3. Нема ни да забележите кога вашите деца ќе пораснат. Поминувајте повеќе време со нив.
4. Најважна личност во животот е онаа која се согласила дека ќе го помине целиот живот со вас. Не ја потценувајте нејзината одлука.
5. Бидете вредни, но не ја ставајте работата над семејството, пријатели и на крајот од краиштата, самите себе.
6. Ако сте изморени од животот, едноставно паузирајте и размислете за моментот во кој се наоѓате. Што е убаво во него и што навистина е важно? Издишете спокојно.
7. Имате еден живот. Не дозволувајте да се разбудите еден ден со полни 60 години, знаејќи дека не сте мрднале со прст да го остварите тоа што го сакате цели 6 децении.
8. Веројатно и не е некој длабок совет, но е сепак важен: мијте ги забите редовно.
9. Не ги следете бапските заповеди.
10. Предметите се само предмети.
11. Повредите со кои сте се здобиле денес, ќе ги раскажувате и во староста, колку и да мислите дека сте ги излечиле. Верувајте.
12. Плаќајте ги своите сметки и не навлегувајте во долгови.
13. Љубомората ги уништува односите. Имајте доверба.
14. Ако имате неостварен сон, мора барем еднаш да се доближите до неговото остварување. Бидејќи со годините, ќе ви се чини сè поневозможен.
М. Д. | Црнобело