Грижата за себе не е топол туш и чоколаден сладолед

Кога мислите на грижа за себе, прво што ви доаѓа на памет е прекрасен вкусен десерт, после кој ќе си дозволите долг, топол туш со омилениот домашен спа-третман.

grizhata-za-sebe-ne-e-topol-tush-i-chokoladen-sladoled-01.jpg

Грижата за себе е да водите евиденција за трошоците и да не се оставате во незавидна финансиска состојба. Да си подготвите здрав оброк, наместо да изедете калоричен бургер и да си ги решавате проблемите, наместо да се обидувате да избегате од нив.

Често, грижата за себе не е нешто што е убаво за правење. Грижата за себе вклучува и прекинување токсични односи и оддалечување од луѓето кои физички и емоционално ве „трошат“.

Да се грижиш за себе значи и да најдеш начин да заработиш нешто повеќе, а во слободниот ден да не се колебаш да не одговараш на здодевните телефонски повици.

grizhata-za-sebe-ne-e-topol-tush-i-chokoladen-sladoled-02.jpg

Грижата за себе не треба да ви биде луксуз кој си го дозволувате одвреме-навреме, туку треба да ви биде нешто што секој ден го правите.

Вистинската грижа не е кога се туширате, кога нанесувате маска за лице и правите пилинг на телото, ниту кога си дозволувате парче чоколадна торта. Вистинската грижа е кога ќе направите избори во кои ќе уживате и нема да сакате да избегате од нив.

Затоа, бидете нормални, бидете свои, па дури и ако тоа значи дека ќе повредите некого.

Бидете херој на својот живот, а не жртва на вашето секојдневие!

grizhata-za-sebe-ne-e-topol-tush-i-chokoladen-sladoled-03.jpg

Е. Д. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg