Силните жени не глумат непристапност - нив е тешко да ги добиеш

Злобните луѓе би рекле дека некоја жена е арогантна и непристапна само затоа што ги одбила и најупорните додворувачи - но таа само знае што точно сака, а што не.

silnite-zheni-ne-glumat-nepristapnost-niv-e-teshko-da-gi-dobiesh-01.jpg

Кога ја менува играта и престанува да дава внимание, нејзиното момче мисли дека таа глуми и дека е очајна за неговото внимание - но таа дава последно предупредување пред „црвен картон“.

Не, тие жени не се пребирливи, ниту пак нивните стандарди се превисоки. Тие жени, едноставно, не сакаат да се впуштаат во нешто што само ќе им го троши времето. Тие не сакаат да даваат лажна надеж на луѓето кои не им се допаѓаат.

Не глумат недостижност, туку го ценат и твоето време - не сакаат да го трошиш залудно, туку да го посветиш на друга девојка на која ќе ѝ се допаднеш.

Ова се жени кои веќе биле во врска. Кои претрпеле доволно и научиле што точно сакаат. Тие не би биле во врска колку „да се рече“.

Не, тие не глумат непристапност. Нив е тешко да ги добиеш бидејќи тие веднаш знаат на кого вреди да го посветат своето време.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе и ќе посакуваш таа да живееше подолго Еден ден мајка ти нема да ти се јавува повеќе. Еден ден ќе посакуваш таа да живе...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg