„Ѓон-жени“ на кои улогата на жртва ви е срасната, одлепете ја од кожата!

Уште не можам да им се дочудам на жените кои уживаат да бидат сожалувани. Ве има толку многу, како некоја наезда сте, пиреј кој никако не може да се докорне.

Gjon-zeni-na-koi-ulogata-na-zrtva-vi-e-srasnata-na-kozata-odlepete-ja-01.jpg

Во 21 век, кога имаме право на глас, право на сопствено мислење и став, вие упорно се собирате во сопствената корупка како некоја желка и молчите, ни малку мудро. Наместо да се изборите за она коешто ви значи, повеќе милувате да бидете марионета во нечии туѓи раце, некој друг да ги носи одлуките место вас.

Зошто упорно си ја преземате споредната улога која нè враќа сите стотици чекори назад? Зошто би се помириле со нештата, зошто би трпеле да бидете навредувани, подгазувани, исмејувани?

Од страв ли се соживувате со улогата на вечна жртва, да не речат другите–види ја оваа гласна, распалавена жена, каква кучка!

Пред неколку месеци на муабет паднаа група жени кои се мажени за исклучително моќни и богати луѓе. Со цел памет на крајот се дојде до заклучокот колку кутри женички се тие, ете, можеби имале сè во животот од материјален аспект, ама никаде не им се слушал гласот, немале слобода, како рајски птици заробени во златен кафез.

Сериозно ли очекувате да ги жалиме ваквите типови на жени? Жени кои свесно и намерно се потчинуваат? Свесно одлучи да бидеш безгласна буква дома, но несвесно го носиш часовникот од 2000 евра на раката, подарок од сопругот?

Толку ли чини твојата пасивност, твоите извештачени насмевки и твојот молк? Купена си, честитки. Твој живот, твој избор. Живеј си го, но не очекувај го нашето разбирање, а уште помалку сожалување.

Немам разбирање ниту за оние коишто не умеат да донесат ниту една одлука сами, туку мора по секоја цена да го консултираат партнерот, бидејќи ете, тој како маж е попаметен и порационален од нив. И тоа го истакнуваат со некоја притаена гордост–маж ми знае сè најдобро. Ако си го повториш како некој папагал 100 пати во денот, и најголемата лага ќе ти стане вистина.

Не ги разбирам ниту жените што трпат секакви будали, насилници, пијаници, коцкари, што премолчуваат низа неверства, што се како бришалки за нечисти чевли, најчесто тврди машки ѓонови кои газат по нив безмилосно.

По некое време ваквите жени стануваат токму тоа – „ѓон жени“. Ништо не ги допира, ништо не ги навредува и повредува. Ќути и трпи, поплачи си малку во ќошето кога си сама дома, лапни една рака дијазепами за да се смириш и продолжи со животот како да не било ништо, бидејќи и самата си претворена во тоа – едно големо, празно НИШТО.

Не ве разбирам. Немам грам сожалување за вас. Секој си е одговорен за својот живот, сопствените одлуки, секој си е кројач на својата судбина. Кој очекувате да земе и да се избори за вас? Кој да се охрабри и да излезе од калапот на покорност и тишина? Кој ќе покаже дека е еднаков и доволно вреден за овој свет како што е и мажот, кој ако не ние самите?

Престанете да се завивате во улогата на жртва, не ви одговара. Не бидете „ѓон жени“, „мувла жени“, групата жени што не сакаат да носат потпетици, но тоа го прават бидејќи мажот сака да води манекенка на штикли покрај него, па крварете стапала, мажето само да ми е среќно.

Зошто да ја трпите секоја будала? Зошто некој друг треба да ви кажува како да се облекувате, како да се однесувате, колку гласно треба да зборувате, кога да се насмеете, а кога да замолчите?

Кои се тие луѓе на кои сте им дале право да се однесуваат како господари, а вие во меѓувреме толку многу сте се соживеале со улогата на вечна жртва, која практично ви е срасната, како некоја втора кожа?

Време е да ја одлепите од себе. Време е да се потсетите каков звук испушта вашиот глас и да ја вклучите сопствената глава за промена. Зошто би биле жртва која живурка од туѓи трошки сожалување, кога може да бидете силна, самостојна жена?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...
Добрата жена тешко се наоѓа, а лесно се губи - Мора да знаете како да ја сакате Кога жената ќе почувствува дека не ја почитуваат како што заслужува, таа заминув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg