Поучна приказна: Кралот им одржал одлична лекција на селаните

Дали пречките на вашиот животен пат ве фрустрираат и обесхрабруваат? Или пак, ви даваат поттик да продолжите позрели и посилни?

pouchna-prikazna-prechkite-na-zhivotniot-pat-01.jpg

Прочитајте ја оваа кратка поучна приказна и научете правилно да се носите со препреките кои ви излегуваат на патот по кој чекорите.

„Многу одамна, еден крал им наредил на своите луѓе да постават голем камен на средина на патот. Потоа се скрил и отстрана набљудувал дали некој ќе се обиде да ја отстрани карпата. 

Многу од богатите луѓе од кралството само ја заобиколувале карпата. Голем дел од нив и го обвинувале кралот дека не ги одржува патиштата, но никој од нив не направил ништо за да го тргне каменот. 

Еден ден, селанец кој носел кошница со зеленчук пристигнал до каменот. Ја оставил кошницата и се обидел да го тргне каменот од патот. По неколку напори, успеал да го истркала до шумскиот дел покрај патот. Кога се вратил до кошницата, забележал ќесе со златници и порака од кралот, во која вели дека овие пари се за оној кој ќе го тргне каменот од патот. 

Секоја пречка ни дава можност да го подобриме својот живот. Додека мрзливите се жалат дека им е тешко, трудољубивите грабаат сè што е пред нив и се борат со сите пречки. Затоа и секогаш се спремни да помогнат и да направат промени.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
„Држи мe цврсто за рака“: Приказна за љубовта меѓу ќерката и таткото „Ако јас те држам за раката и нешто ми се случи, големи се шансите да ти ја пушт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg