Можеби животот не е предвиден да оди по нашите планови
Свесни сме дека некогаш нештата не се подредуваат онака како што сакаме. Знаеме и дека со некого ќе се збогуваме уште пред да успееме добро да се запознаеме.
Често ќе се разочаруваме од луѓе кои ветувале дека нема да нè изневерат. Ќе се прашуваме зошто лошите нешта им се случуваат на добрите луѓе.
Зошто срцето им се крши на оние кои најмногу сакаат и зошто љубезноста скапо нè чини?
Навистина, некогаш животот се чини дека нема смисла и сето тоа е збунувачки. Но, сè што повредува во исто време и лечи. Сè што ти го одзема времето и вниманието, те учи да се грижиш за себе.
Веруваме дека за сè лошо што ќе се случи, следи и нешто добро. Затоа што, животот не е наменет за секогаш да ги знаеме сите одговори. Животот не е насочен кон една насока. Не е црн или бел и секогаш ќе ни подготвува изненадувања. Ќе нè учи да се соочуваме со ситуации на кои не сме подготвени, па дури и да не мами во некои моменти.
Но, секогаш треба да веруваме дека можеме да се прилагодиме. Дека знаеме да се промениме, да еволуираме заедно со животот. Да станеме кога ќе паднеме. Едноставно, да преживееме.
Затоа што сме многу помоќни од што мислиме дека сме. Затоа што знаеме да победиме и да се бориме. Затоа и не треба да поставуваме цели и планови, туку да се прилагодуваме на тоа што ова патување ни го дава.
Е. Д. | Црнобело