Поучна приказна: Важна е жена ти, а не автомобилот
Една млада жена се враќала од работа со автомобилот. Возела внимателно, бидејќи автомобилот бил нов, купен со тешко стекнатата заштеда на нејзиниот сопруг.
Тој долго време се одрекувал од многу работи за да може да си го дозволи.
На една раскрсница жената била малку неодлучна и удрила во друг автомобил. Го оштетила браникот.
Почнала неутешно да плаче. Што ќе му каже на сопругот?
Возачот на другиот автомобил бил љубезен и побарал размена на податоци.
Жената ги побарала документите во големиот жолт плик кога пронашла ливче на кое со ракописот на нејзиниот сопруг било напишано: „Во случај на сообраќајна незгода... Сети се мила, јас те сакам тебе, а не автомобилот!“
Да запомниме добро дека важни се луѓето, а не предметите. Ако вложуваме толку време, енергија и труд во луѓето, како што вложуваме за да ги заштитиме материјалните работи, тогаш светот ќе изгледаше сосема поинаку.