Не губите пријатели, само дознавате кои биле лажни
Кога бевте помлади имавте широк круг на другари и пријатели и секогаш имавте со кого да излезете навечер или каде да одите на гости.
Тогаш можеби ви беше важно да имате што поголем број пријатели на социјалните мрежи или да се движите во големи и популарни друштва. Но, како растевте во возраст, пораснавте и како личност. Би можеле да преброите колку вистински пријатели имате? Изгледа како мал број, нели?
Животот се менува, студирате, се вработувате, основате фамилии, но сепак, губењето на пријател ви е исто како да ви е скршено срцето.
И во лошото има добро
Пријателите кои заминале не се тука затоа што не ни треба да бидат тука. Кога сме возрасни и кога сфаќаме дека нечие однесување премногу нè обзема и влијае токсично врз нас, ни станува јасно и дека сме ги „чувале“ лошите пријатели бидејќи тоа е полесно отколку да ги исфрлиме. Евентуално, тие самите заминуваат, порано или подоцна.
Возраста нè менува така што себе се ставаме први, пред сè друго. Токму поради тоа и немате нерви да толерирате глупости од луѓе кои не ви вистински пријатели.
Затоа, не очајувајте по големата бројка пријатели од средношколските денови и бидете со оние кои се покрај вас денеска. Тие се далеку повистински од кој било пријател што се колнел во својата верност.
Е. Д. | Црнобело